Нафтениот танкер Марлин Луанда гори во Црвеното Море по силен ракетен напад на Хутите, потврди портпаролот на јеменските вооружени сили, пренесува Sky News.
– Противпожарната опрема на бродот е распоредена за да се потисне и контролира пожарот предизвикан во еден товарен резервоар од десната страна. Безбедноста на екипажот е наш најголем приоритет. Остануваме во контакт со бродот и внимателно ја следиме ситуацијата. Во тек се воени бродови во регионот за давање помош – изјави сопственикот на мултинационалната компанија Трафигура.
Сопственикот на компанијата нагласува дека безбедноста на екипажот е „најважниот приоритет“ во моментов.
– CSO известува дека бродот е погоден и во моментов е во пламен. Потребна им е помош. Надлежните се информирани и реагираат. На бродовите им се препорачува да постапуваат со претпазливост и да пријават каква било сомнителна активност до УКМТО – се вели во иницијативата на Кралската морнарица која ги надгледува водните патишта во Црвеното Море.