Британскиот министер Мајкл Гоув беше гостин на Би-Би-Си Радио 4, но интервјуто доцнело половина час, бидејќи останал заглавен во лифтот на јавниот сервис.
Би-Би-Си го повикале министерот лично да дојде во студиото за да спречат евентуални прекини за време на интервјуто, а точно во осум часот тој требаше да претстави програма за развој на посиромашните региони, но имало несакани проблеми со лифтот.
„Посакувам да беше шега, но не е. Не беше смешно да се гледаат министерот Гов и обезбедувањето затворени во стаклен лифт“, им кажа на слушателите водителот на програмата Ник Робинсон за ситуацијата што го одложи интервјуто за половина час.
Додека го чекаше „спасувањето“ од лифтот, министерот рече дека е подготвен телефонски да направи интервју додека е во лифт.
По половина час техничката служба успеала да го ослободи министерот.