Страшна несреќа на работа се случила во саботата наутро во Линц, Австрија. Таму 49-годишен работник од Босна и Херцеговина паднал во топол басен со цинк.
Loading...
Тој е тешко повреден, па со хеликоптер е префрлен во болница во Виена.
Работникот работел на демонтирање во погон на фирма од Линц. Се наоѓал на импровизирано скеле кога наеднаш изгубил рамнотежа и паднал во басенот длабок два метри и пол со цинк на 450 степени, пренесува Index.hr.
Потонал до колковите, пишува магазинот Феникс.
Други работници скокнале да помогнат, го извлекле и повикале брза помош.
Тој е пренесен во болница во Виена со повреди опасни по живот.