ДРАМА НА ЛЕТ: Се соблече гола, го гризнала стјуардот и сакала да влезе во пилотската кабина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

За време на летот на руската национална компанија Аерофлот на височина од 10.000 метри настанал целосен хаос поради една патничка.

Loading...

Се започнало откако патничката се соблекла топлес. Според руските медиуми, Анжелика Москвитина (49) на летот од Ставропол до Москва прилично се опила, но тоа бил само почеток на хаосот, бидејќи набрзо почнала да дивее, а причина за нејзиното однесување била никотинската криза.

Патничката инсистирала дека сака да запали цигара, а кога не ѝ се исполнила желбата почнала драмата.

Прво ја соблекла кошулата, по што толку многу дивеела што патниците морале да му помогнат на персоналот да ја задржат и врзат.

На социјалните мрежи протече видео на кое се слуша како стјуард ѝ вика на Анџелина и ѝ вели:

„Госпоѓо, седнете и облечете се. Каде ви е облеката? Дали сте свесни дека ги кршите правилата? Тука има деца. Мора да го почитувате тоа.“

На тоа таа одговори: „Ги почитувам децата. Ги обожавам. Свесна сум дека ќе завршам во лудница или затвор, но сакам да одам во пилотската кабина. Можете да ме убиете, но јас сакам да запалам цигара ,” таа рече.

После тоа, таа го каснала стјуардот и морале да интервенираат сите вработени и патници за да ја задржат.

Loading...

Москвитина беше приведена и ставена на црната листа на Аерофлот.