Денес беше уапсен маж од Тексас за провала во имотот на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во Мар-а-Лаго, Флорида, објави NBC News.Денес беше уапсен маж од Тексас за провала во имотот на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во Мар-а-Лаго, Флорида, објави NBC News.
Полицијата во Палм Бич одговорила на повикот во Мар-а-Лаго кратко по полноќ, каде што агентите на Тајната служба веќе го привеле осомничениот.
23-годишниот Ентони Рејес, кој бил уапсен, рекол дека скокнал преку оградата околу имотот за да „му го проповеда евангелието на Трамп“ и да „се ожени со Каи“.
Каи Трамп е 18-годишната внука на Трамп и ќерка на Доналд Трамп помладиот.
Според извештајот за апсење, Рејес признал дека провалил во заштитена зона со скокање преку ѕид.
Тој бил уапсен и во декември минатата година за сличен обид за провала во истиот имот.
Белата куќа не коментираше за инцидентот.
Рејес беше однесен во затворот во округот Палм Бич, а кауцијата беше одредена на 50.000 долари со строги услови – вклучително и забрана за каков било контакт со Трамп или членови на неговото семејство, вклучувајќи го и Каи Трамп.
Тој се изјасни за невин пред судот.
Ова не е прв пат имотот на Трамп во Флорида да биде цел на безбедносни инциденти.
Минатата есен, маж од Флорида беше обвинет за обид за атентат врз Трамп на неговото голф игралиште во Вест Палм Бич, додека жителот на Ајдахо, Ворен Џонс Крејзибул, беше обвинет за упатување смртни закани преку телефон на адреса во Мар-а-Лаго.