Драма на аеродром: Избувна пожар при слетувањето на авионот од Турција!

Сподели со своите пријатели

Прилично драматична ситуација се случи на аеродромот во Берлин за време на слетувањето на летот „ТК 1721“ на Туркиш ерлајнс.

Loading...

Имено, во 9:03 часот наутро, одеднаш се појави чад под авионот Боинг 777-300 (капацитет до 550 патници) кој доаѓаше од Истанбул.

Пилотот веднаш реагирал и ја известил контролната кула.

Сопирачката се прегреала

Портпаролката на аеродромот, Сабине Декверт, за БИЛД изјави: „Причината за чадот во авионот што слета беше прегреана сопирачка на едно од тркалата.

Според протоколот, „противпожарната служба излезе на терен со највисоко ниво на тревога. За среќа, најлошото можно сценарио не се оствари“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уште едно лице обвинето за палење на куќата на британскиот премиер

Пожарникарите го прегледале авионот по „безбедното слетување“.

„Пожарот и чадот предизвикани од огнот не се утврдени“, изјави портпаролката на БЕР.

Патниците не мораа да бидат евакуирани

Во тој момент, портпаролката не можеше да каже колку патници имало во авионот.

Loading...

Во секој случај, патниците не биле во опасност.

Потоа авионот бил однесен на закажаната станица на аеродромот БЕР. Патниците не морале да бидат евакуирани.

„Можеа сосема нормално да го напуштат авионот на постојката“, додаде Декверт.

Техничарите веднаш почнаа да ја проверуваат неисправната сопирачка.

Дали авионот ќе треба да се повлече од сообраќај сè уште не е одлучено.