Единаесетгодишната Драгана Јовановска од Куманово ја претставува Македонија на интернационалниот фестивал „Славјански базар“ кој се одржува во Витебск, Белорусија.
Драгана е избрана од Светската асоцијација на фестивали (WAF), како едно од многуте талентирани деца кои ќe запеат на овој реномиран и светски познат фестивал.
Драгана настапува две вечери. Првата е претставување на сопствената земја, кога настапи со песната „За 100 години“ од Александра Јанева, а втората вечер е вечер на светски хитови и Драгана во оваа вечер ќе ја пее песната „All I ask“ од Адел.
Драгана има само 11 години. Јавноста ја запозна како дел од „Пинковите ѕвездички“, а има настпувано и на повеќе домашни и странски фестивали.
https://www.facebook.com/DraganaJovanovskaOfficialPinkoviZvezdickisezona3/videos/2077153362542686/
Loading...