Др. Николиќ по 44 дена го победи коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Анестезиолог Гордана Николиќ од кумановската болница која беше хоспитализирана на Инфективна во Скопје поради дијагностициран коронавирус, денеска преку Фејсбук соопшти дека добила и втор негативен тест на коронавирус.

„44 дена поминаа од 23 март, до денес. Денес е 05.05….и конечно успеав да се ослободам од вирусот ковид-19. Мора да биле во голем број вирусите, мора да биле лоши , затоа што ми ги нападнаа белите дробови, но за „cреќа” успеав да поминам „само со пневмонија“. Среќа во несреќа , затоа што вирусот е една голема непознаница и за оние кои го истражуваат. Сега ќе можам да излезам слободно да подишам чист воздух , затоа што не може на тераса да се пешачи, а е потребно за комплетно заздравување на белите дробови. Се исклучувам , одам малку во реалноста. Мојата ковид-19 приказна заврши драги мои фб пријатели“, напиша лекарката.

Leave a Reply