Компанијата DRӒXLMAIER Македонија донираше новогодишни прекривки за масички и новогодишни перничиња за дечињата од градинката „Ангел Шајче“.
Повеќе од 200 новогодишни прекривки за масички и дваесетина новогодишни перничиња, донација од DRӒXLMAIER Македонија ќе придонесат за подобар празничен амбиент во градинката „Ангел Шајче“ од Куманово. Деновите пред и за време на новогодишните празници се радост за децата, а со оваа донација тие уште повеќе ќе уживаат во празнично
дополнетиот изглед на воспитувачките простории во кои го минуваат поголемиот дел од денот. Подароците ќе бидат подеднакво распоредени во сите објекти на градинката.
Унапредување на условите во воспитно-образовните установи
DRӒXLMAIER Македонија продолжува да го поддржува воспитно – образовниот процес со унапредување на условите и естетиката во просториите за престој на децата во градинките. „Грижата за најмалите треба да биде наша примарна цел, бидејќи тие се нашата иднина. Во таа насока, драго ни е што имаме можност да дадеме свој придонес за подобрување на квалитетот на условите во кои функционираат установите кадешто се згрижени тие, но и за поголемо предновогодишно расположение на дечињата“, велат од менаџментот на DRӒXLMAIER Македонија.
Благодарност до DRӒXLMAIER Македонија
Марина Алексовска, директорка на градинката во Куманово, како и останатите вработени искажаа срдечна благодарност до компанијата, бидејќи во континуитет потврдува дека е сигурен партнер на регионот. „Среќни сме што DRӒXLMAIER покажува грижа за градинките како институции каде
дечињата го започнуваат воспитно – образовниот процес кој претставува основен темел на нивното понатамошно воспитување и изградба како личности“, рече Алексовска.
Претходно, DRӒXLMAIER овозможи и слатки пакетчиња како новогодишен подарок за секое дете во градинката. Исто така, преку бројни проекти компанијата овозможи мебел во вид на креветчиња, столчиња и масички, шкафчиња, но и играчки како и дидактичко – едукативни средства за градинките од регионите кадешто делува.