Претпладневремето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне најпрвин на запад, а потоа на повеќе места ќе има пороен дожд (над 20л/м2), грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално е можна и појава на невреме со град Ќе дува умерен до повремено засиленпретежно јужен ветер. Минималните температури ќе се движат од 6 до 13, а максималните ќе бидат во интервал од 20 до 27 степени целзиусови.
Во околината на Куманово денес ќе имаме претежно облачно време со дожд и грмотевици претежно во попладневните часови од денот. Максималната дневна температура ќе достигне 20 степени целзиусови.
Од петок ќе следи период на ветровито време со умерен до засилен ветер од југозападен и западен правец, кој ќе биде најизразен на повисоките места и на планините. За време на викендот во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.