Основно училиште во Мексико ја шокираше јавноста со својата одлука на Денот на мајките да изненади и да ги забави жените така што ќе доведе стрипери. За работата да биде полоша, се се случувало пред очите на децата.
Loading...
Оскудно облечен маж е снимен како се доближува до жените. Снимката е направена во училиште во мексиканската држава Веракруз.
Снимката инаку е прегледана повеќе од 200.000 пати, а во коментарите може да се забележат критики.
Сепак некои предупредуваат на двојни стандарди, па тврдат дека не би имало толку бес доколку била во прашање женска стриптизена.
На снимката се гледа маж, облечен во црвен шорц кој скока и игра. Перформансот е изведен пред десетина деца.