Дошле во Грција на меден месец, телата им ги пронашле на брегот…

Сподели со своите пријатели

Михаела и Филип Гош, двајца 35-годишници од Грац, починале за време на меден месец во Грција, потврди австриското Министерство за надворешни работи по ДНК анализа.

Loading...

„Им реков да се засолнат на високо место“

– Со длабока тага треба да ја потврдиме смртта на двајца австриски државјани во Грција. Со споредување на ДНК профили, сега е потврден идентитетот на двете исчезнати лица. Во овие тешки моменти изразуваме длабоко сочувство до семејствата и на загинатите, рече портпаролот.

Невремето Даниел на 6 септември го погоди одморалиштето Потистика и ја однело викендицата во која престојувал парот.

Сопственикот на куќата, Танасис Самарас, претходно потврди дека гостите дошле од Грац и додаде дека на 8 септември се засолниле во бунгаловот што го изнајмиле за меден месец.

Самарас заедно со другите гости отишол на ридот и ги советувал Австријците да го сторат истото, но тие не го послушале.

Доаѓаа овде многу пати

– Не можам да поверувам. Младите дојдоа овде пред три недели и се венчаа веднаш штом пристигнаа во Аргалашти. Тие доаѓаа овде многу пати на одмор. Ситуацијата беше многу лоша. Тешко е да се одлучи што да прави во такво време, рече Самарас.

Новопечениот пар свадбата ја направил во Грција, а последниот контакт со семејството го имале на почетокот на септември.

Нивните безживотни тела биле пронајдени на брегот.

Loading...

– Во период од две недели го доживеавме најголемиот шумски пожар и најголемите поплави во историјата, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, додавајќи дека неговата земја се соочува со „војна во мир“.

Засега се знае дека загинале повеќе од десет лица откако бурата Даниел ги погоди Грција, Турција и Бугарија.

Илјадници луѓе останаа во привремени засолништа или кај роднини, додека 30 села беа недостапни.

Тие исто така беа изложени на ризик да заболат од болести кои се пренесуваат преку вода.

Во некои региони наврнаа 800 мм дожд, што е повеќе од нормално во текот на целата година.