Дошле со багер пред пошта па го украле целиот банкомат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Група засега непознати разбојници ноќта од сабота кон недела со багер украле банкомат во италијанскиот град Валверде.

Loading...

Акцијата чија врева го разбудила речиси целото маало се одвивала пред поштата во Виа Винченцо Белини, а кога успеале да ја откопаат направата, разбојниците тргнале со украдено возило.

Грабежот траел неколку минути, еден од соседите снимил околу 150 секунди од акцијата, а според информациите со кои располага полицијата, во грабежот учествувале вкупно пет лица.

Количината на пленот моментално е непозната, а тим од експерти моментално го анализира видеото со надеж дека ќе го откријат идентитетот на барем еден од мажите.

Интересно е тоа што багерите се популарна „помош“ кога се крадат банкомати во областа Катанија.

Разбојниците во минатото неколку пати го користеле овој трик, а историјата памети и случаи кога полицијата навреме пристигнала на местото на грабежот.

 

Loading...