Дошла на аеродром и сфатила дека поранила на летот дури една година, сега е заглавена во Хрватска (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Една корисничка на „Тикток“ од Велика Британија стана вирална откако објави видео од аеродромот, во кое вели дека дури една година поранила на летот. Таа сега е „заглавена“ во Хрватска.

Loading...

Корисничка на TikTok, под името Лекс, објави урнебесно видео на 3 август.

– Пристигнав на аеродром во шест часот наутро, и се покажа дека мојот лет е резервиран за следната година – рекла девојката.

Видеото брзо стана вирално, беше прегледано повеќе од милион пати и доби 245.000 лајкови.

 

 

 

Loading...

Луѓето во коментарите напишаа колку е смешна нејзината ситуација за нив.

– Разбирам дека треба да бидете на аеродром два часа порано, но година изгледа премногу рано – напишал еден корисник.

На прашањето што ќе прави сега, Лекс рече дека нема друг избор освен да се смее.

Најлошото е што Лекс се обидува да се врати дома во Велика Британија и дека е заглавена на аеродром во Хрватска.

– Последните пари ги потрошив за такси до аеродром – додаде девојката.

Многумина мислат дека тоа е шега и дека луѓето не можат да резервираат лет толку однапред.

Меѓутоа, на веб -страницата на компанијата EasyJet, чиј лет Лекс штотуку го резервираше, постои опција британските патници да резервираат лет од Хрватска до септември 2022 година, пренесува Ladbible.

Засега не е познато дали Лекс успеала да се врати дома.

Loading...

 

 

@simp4beanzeasyjet acc been doing me dirty man wtf♬ original sound – lex 🍒

Leave a Reply