Во Куманово досега со две дози против коронавирусот биле вакцинирани 46.000 граѓани, информираат денеска надлежните од Здравствен дом Куманово.
Вкупно се аплицирани 97.000 вакцини, од кои околу 4.000 граѓани се вакцинирале и со третата засилувачка доза.
– Бројка која секојдневно се зголемува бидејќи регистираме зголемен интерес за примање на втората и третата доза, а имаме пад на бројот на лица кои се заинтересирани за прва доза, изјави д-р Монализа Мемети од Здравствен дом Куманово.
Според д-р Мемети, падот на бројот на заинтерсирани лица кои сакаат да примат прва доза може да се должи на намалениот број мерки кои се во моментов активни и во пресрет на новогодишните празници граѓаните избегнуваат да примат вакцина.
– На дневно ниво регистираме 200 до 300 вакцинации. Пунктот работи во две смени од 07 до 19 часот и саб ота една смена. Апелирам до сите граѓани кои досега не се имунизирале, да дојдат што поскоро бидејќи е краен момент да се имунизираат да ги заштитат своите блиски и себе си, во пресред на празниците да ги почитуваат мерките и да се имунизираат бидејќи досега најефикасно оружје е вакцинацијата, вели таа.
Трета доза меѓу првите примиле и голем дел од здравствените работници во Куманово.
Никола Ивановски