Досега сигурно немате видено презентерка на вести со тетоважа на лицето: Еве една! (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Телевизиската новинарка од Нов Зеланд стана првата личност во историјата на водителството која води информативна програма со истетовирано лице, а со својот потег остави силна порака.

Loading...

Штом стигна до програмата на националната телевизија, Орини Каипара го привлече вниманието со сцена која ретко е забележана досега.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Oriini Kaipara (@oriinz)

 

Имено, таа направи традиционална маорска тетоважа или „moko kauae“ во 2017 година, откако нејзиниот ДНК тест покажа дека таа е сто проценти припадник на таа нација.

Самата тетоважа го означува преминот на девојка во возрасна жена, а Орини не крие колку е горда што ја носи.

– Свесна сум дека јас бев првата што го направи ова. Сакам секогаш да ме води – секој мој чекор и дело да рушат ѕидови. Ова е ново поле за мене, но и за Маорите – изјави водителката за странски медиуми.

Loading...

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Oriini Kaipara (@oriinz)

 

Таа додаде дека ова е огромен чекор напред за неа.

– Ова беше мојата цел, да ги водам вестите во ударниот термин и тоа се случи – рече таа.

Во 2019 година, Орини стана позната како првиот тетовиран презентер на вести кој ги води попладневните вести на TVNZ.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Oriini Kaipara (@oriinz)

Loading...

 

Практиката од 1800-тите

Практиката датира од 1800 година, кога Нов Зеланд бил колонизиран, а потоа оживеал во 1990 година, заедно со ревитализацијата на Маорите и желбата за деколонизација.

Многу носители на тетоважата се соочиле со различни форми на дискриминација – им бил забранет влез во одредени објекти, биле отпуштени или немале можност да се вработат, а честопати доживеале малтретирање, физичко и вербално.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Oriini Kaipara (@oriinz)

 

Сепак, се чини дека времињата се менуваат.

Loading...

Водителката е посветена на акцијата за ревитализација на традициите и обичаите на својот народ, а нејзиното присуство во вестите може да ги натера другите да ја прифатат нивната култура и оваа промена.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Oriini Kaipara (@oriinz)

 

– Разбирам дека ова е многу поголемо од само раскажување приказни кои се важни за сите нас. Ова е голема победа за мојата генерација, но и за следните десет. Не дозволувајте идентитетот или културата да го попречат вашиот успех. Користете го како ваша моќ и правете добри работи за луѓето – рече водителката.