Дополнување на времениот режим на сообраќај на „Никола Тесла“ и „Доне Божинов“

Сподели со своите пријатели

Времениот сообраќаен режим кој граѓаните кои секојдневно гравитираат преку улицата „Никола Тесла“ ги приморува да заобиколуваат низ половина од градот за да пристигнат во централното подарчје, откако започнаа градежните работи за изградба на мост кој е дел од пругата Куманово – Бељаковце.

Меѓутоа, од денеска постои и дополнување на времениот режим кој важи за улиците „Никола Тесла“ и „Доне Божинов“.

– Во текот на наредниот период согласно со динамиката за реконструкција и рехабилитација на железничката пруга Куманово – Бељаковце ќе се извршуваат градежни работи во потесното градското подрачје и согласно со ова дополнување ќе биде активна дополнителна девијација.
Дополнителната девијација е изработена на инсистрање на локалното население со поддршка на градоначалникот со цел да им се излезе во пресрет на локалните жители да можат да се движат непречено со лесни патнички возила. Забраната за тешки товарни возила и автобуси и понатаму е во сила.  Официјално пренасочувањето на сообраќајот ќе започне на 19.06.2018 година и ќе трае до завршувањето на градежните активности, вели Мери Цекиќ проектен асистент на компанијата изведувач на градежните зафати.

Како што додаваат, за локалните жители е изработена дополнителна пешачка патека по која пешаците ќе можат безбедно да поминуваат заобиколувајќи го градилиштето.

Leave a Reply