Кошаркарот на Јута, Донован Мичел се согласи со клубот да потпише максимално продолжување на договорот. Новата соработка ќе трае 5 години и ќе чини 195 милиони долари, објави „USA Today Sports“.
Loading...
Мичел беше избран како 13 пик во драфтот за 2017 година.
Минатата сезона, 24-годишниот дефанзивец одигра 69 натпревари за „џезерите“, со просек од 24 поени, 4,4 скока и 4,3 асистенции.
За прв пар беше дел од Ол-стар натпреварот.
Зоран Стерјовски