Еден ден тинејџер од Кина во 2011 година го продал бубрегот за да може да го купи најновиот уред на Ејпл. Тогаш седумаесетгодишниот Ванг Шангкун го продал органот на црниот пазар, а цифрата која би изнесувала 4.500 австралиски долари му била доволна за Ајпед 2 и Ајфон 4.
Тогаш наводно изјавил дека не му треба едниот бубрег, дека еден му е доволен.
Со трагичен случај, овој 19-годишник сега е приклучен за машина за дијализа и веројатно до крајот на животот ќе биде врзан за кревет, откако му откажал еден бубрег.
Набргу откако го продал својот десен бубрег, Ванг, кој потекнува од покраината Анхуи, рекол за кинеската ТВ мрежа дека сакал да купи ајпед 2, но дека немал доволно пари. подоцна на некој форум го контактирал трговец со органи.
Трговецот му прастил со навудум одлична понуда.
– Додека бев на интернет, еден агент за бубрези ми испрати порака, ми кажа дека можам да заработам 20 илјади јуани, рекол тој.
Набргу потоа, Венг имал илегална операција во централната покраина Хунан, каде му е изваден десниот бубрег и доставен на непознат примател. Дури откако се вратил дома со новите и скапи уреди на Ејпл, неговата мајка станала сомнителна и го натерала да признае. Деветмина луѓе кои учествувале во операцијата се приведени, а петмина се обвинети за намерно нанесување повреди и трговија со органи.
Во рок од само неколку месеци, на Ванг му се инфицирал преостанатиот бубрег, а се смета дека причината се нехигиенските услови во кои била изведена операцијата. Сега неговата состојба е толку тешка што е оценето дека не смее да станува од креветот и му е потребна секојдневна дијализа, за да квта биде чистена од токсините кои неговиот преостанат бубрег повеќе не е во состојба да ги преработи.
Лекарите велат дека на Ванг веројатно би му користело сега и самиот да изврши пресадување на бубрези, според Гизмонд. Исто така се тврди декачовечките бубрези на црниот пазар можат да достигнат цена и од 366 илјади австралиски долари, 80 пати повеќе од цената за која Ванг го продал својот.
Кина во 2007 година забрани трговија со човечки органи, но јазот измеѓу бројот на луѓе на кои им е потребна трансплантацијата и бројот на донорите се потхранува на црниот пазар.
фото: Пиксабеј