Доналд Трамп на ново судење: Колумнистот го обвини за силување

Сподели со своите пријатели

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, се соочува со граѓанско судење поради обвиненијата за силување кои датираат од пред речиси три децении.

Loading...

Трамп ги негираше обвинувањата на Џин Керол (79) и рече дека таа измислила се за да добие публицитет.

Иако не се работи за кривично дело, последиците за Трамп можат да бидат сериозни.

Нападот наводно се случил на крајот на 1995 година

Доколку Керол ја добие тужбата, тоа ќе биде првпат поранешниот претседател, кој беше предмет на повеќе од дваесетина вакви обвинувања, да биде прогласен за правно одговорен за сексуален напад.

Керол вели дека нападот се случил во продавница на Бергдорф Гудман на Менхетен кон крајот на 1995 година или почетокот на 1996 година.

Таа изјавила дека за време на случајна средба Трамп побарал совет бидејќи купувал долна облека за друга жена и ја замолил да му служи како модел.

Кога стигнала во кабината, таа тврди дека Трамп ја нападнал.

Керол е колумнистка која пишувала совети во колумната „Ask E. Jean“ за магазинот „Elle“.

Loading...

Таа изјавила дека не го пријавила Трамп во полиција бидејќи била во шок и не сакала да се смета за жртва на силување, пренесува Српскаинфо.

Трамп постојано ги негираше наводите на Керол во 2019 година.