Претставници од Командата на Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG, предводени од командантот Билбил Битри, ја посетија детската градинка ЈОУДГ „Ангел Шајче“ во Куманово, каде што беше потпишан протокол за примопредавање со директорката на установата, Ивана Николиќ.

Донацијата што ја обезбеди SEEBRIG се состои од четири одвлажнувачи на воздух, детска лизгалка и канцелариски материјал, со што ќе се подобрат условите во кои престојуваат и се развиваат најмладите.

Во знак на благодарност за хуманиот гест, децата и персоналот од објектот „Развигорче“ ги пречекаа гостите со песнички и рецитал, создавајќи топла и свечена атмосфера.

SEEBRIG — Бригада на Југоисточна Европа — е мултинационална воена формација основана од седум земји-членки: Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Северна Македонија, Романија и Турција, со цел да придонесува кон регионалната безбедност, стабилност и соработка.

Командата на SEEBRIG е стационирана во касарната „Боро Менков“ во Куманово од 2020 година и ќе остане таму до 2026 година, согласно ротационата природа на командната локација.
Никола Ивановски

