Домови на 85.000 луѓе се загрозени од поплави во Австралија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Иако дождот во Сиднеј стивнува, а водата полека се повлекува во реките, домовите на 85.000 луѓе сè уште се загрозени од поплавите кои ја погодија областа.

Loading...

Тие луѓе добија наредба да се евакуираат.

Министерот за вонредни служби Стеф Кук рече дека нивото на водата, особено во западниот дел на Сиднеј, останува високо.

Во текот на ноќта, изјави таа, делови од Синглтон и Масвелбрук биле евакуирани.

Вонредната состојба продолжува петти ден по ред откако неколкудневните обилни врнежи предизвикаа поплави.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хорор во Австрија: Мајка со нож го убила четиригодишниот син