Домот на ова семејство крие голема тајна: Страшна приказна за луѓето кои сееле ужас во Америка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во 1871 година, семејството Бендер се преселило во Канзас и се населило во близина на железничката пруга Големата Осејџ, популарна рута што ја користеле стотици минувачи секој ден. Тие изградиле мала колиба со две соби каде што патниците можеле да застанат, да се одморат, да ги надополнуваат резервите и да ја поминат ноќта. Се чинело како многу чест потег на семејство кое се справувало со суровиот свет на Дивиот Запад. И тогаш луѓето почнале да исчезнуваат …

Loading...

Не поминало долго откако семејството Бендер се преселило во округот Осејџ, Канзас во 1871 година и луѓето почнале да исчезнуваат. Сепак, на почетокот никој не обрнал внимание на тоа – многу луѓе биле изгубени на Дивиот Запад во тоа време и никој не ни помислувал да ги поврзе исчезнувањата со семејство на германски имигранти кои имале куќа и продавница во близина на железницата.

 

 

Најстарите членови на семејството Бендер, Џон Сениор и Ма, не зборувале многу англиски и не биле пријателски расположени кон странците.

И втората генерација на Бендерови била прилично чудна. Никогаш не било разјаснето дали Џон Џуниор и Кејт Бендер биле брат и сестра или сопруг и сопруга. Општо било познато дека Кејт заработувала за живот како пророчица. Сепак, главните приходи на семејството биле од мала продавница и конак што Бендерови го чувале во нивната инаку двособна куќа. Не само што патниците што оделе со железница можеле да ги надополнат своите резерви таму, туку можеле и да вечераат и да ја поминат ноќта. Некои приказни сугерираат дека Кејт работела како проститутка, но немало цврсти докази за тоа.

Сепак, не сите гости на семејството Бендер го продолжиле патувањето по една ноќ помината во оваа куќа.

Loading...

 

 

Имало скриена стапица што ги водела несреќните жртви во подрумот и во коморите за тортура. Бендерови обично им го сечеле вратот на гостите и потоа ги расекувале.

Три години терор

Поминале три години пред некој да ги поврзе сите исчезнувања. Всушност, дури и тогаш, веројатно немало да се открие што се случувало во домот на Бендерови, ако тие не одлучиле да се поиграат со Џорџ Њутн Лаунчер и неговата мала ќерка.

Откако двајцата не се вратиле дома, нивниот сосед, д-р Вилијам Хенри Јорк, започнал да ги бара. Јорк успешно тргнал по стапките на неговиот пријател и на тој начин стигнал до Бендерови.

За семејството не било проблем да го убијат и него, но, за жал за нив, лекарот имал моќни браќа – полковници и сенатори кои биле запознаени со потрагата на нивниот брат.

Loading...

Кога д-р Јорк не се вратил дома, неговите браќа веднаш тргнале во потрага и ова ги одвело директно до Бендерови. Тие потврдиле дека лекарот ја поминал ноќта со нив, но дека после тоа го продолжил патот.

 

 

Сепак, браќата не верувале во ова. Тие го собрале целиот град и најавиле дека ќе добијат налози за претрес на секоја куќа во соседството се додека не откријат што се случило со докторот.

Бендерови сфатиле дека нема да можат да се кријат уште долго време.

Исчезнување без трага

Тогаш на семејството му служела ѓаволска среќа. Веднаш по потрагите, огромна бура ја погодила целата област, што ја забавило потрагата. Откако невремето поминало, Бандерови исчезнале без трага!

Loading...

По претресот на куќата, целиот хорор излегол на виделина. Во следните неколку дена, во градината на Бендерови биле откриени остатоци од најмалку 20 лица. Повеќето биле мажи, но било пронајдено и телото на девојчето Лаунчер, кое според обдукцијата било закопано живо.

Откако веста за крвавите Бандерови стигнала до весниците ширум САД, полицијата започнала со пребарување. Откриено било дека семејството се поделило на два парови и дека патувале со воз, но тоа било сè! Трагата се оладила и покрај големите парични награди што ги понудила полицијата за информација,а приказната прерасна во урбана легенда.

 

 

Со децении, луѓето ширум Америка тврделе дека наишле на членови на семејството Бендерс. Неколку осомничени исто така биле уапсени под сомнение дека се, но тие биле ослободени откако се утврдело дека не припаѓаат на овој крвав клан.

Loading...

До денес, никој никогаш не открил што се случило со кој било член на Бендерови, првото семејство на сериски убијци во Америка.

 

Leave a Reply