Должела за кредит, па платила хирург да и го смени лицето

Сподели со своите пријатели

Една жена од Кина се одлучила за пластична операција за да избегне враќање на кредит во износ од 3,7 милиони долари, пренела агенцијата РИА.

По пресудата на суд во Вухан за кредит, 59-годишната Чу Нацјуан го променила изгледот и се сокрила на непозната локација.

Според податоците, Нацјуан била задржана месецов кога во Шенжен се обидела да купни возен билет со лажна лична карта.

И полицајците кои дошле да ја приведат биле изненадени колку не личела самата на себе. Според нивните зборови, изгледала како да има 30 до 40 години.

Во последно време локалните власти во Вухан сериозно се борат против обидите да се зибегне отплата на кредитите. За првите шест месеци оваа година 186 луѓе биле притворени под обвинение дека се обиделе да избегнат плаќање на долг.