Доларот зајакна, цената на нафтата порасна по вчерашниот пад

Сподели со своите пријатели

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо порасна трет ден по ред.

Loading...

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,55 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,50 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 142,25 на 140,50 јени.

Сепак, американската валута стагнира во однос на европската, па цената на еврото се движи околу 1,0915 долари, исто како и вчера во ова време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина ги намали царините за увезени производи од САД

Цените на нафтата, пак, пораснаа по вчерашниот пад.

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,46 отсто, на 76,25 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,56 отсто, на 71,60 долари.