На валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошницата со валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 108,90 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 109,65 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 155,55 на 155,25 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0290 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0240 долари.
Цените на нафтата сепак нагло паднаа откако Вашингтон го одложи воведувањето царини за Мексико и Канада.
Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се лизна за 1,08 отсто, на 75,15 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 1,70 отсто, на 71,90 долари.