Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

Сподели со своите пријатели

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата со валути значително падна пред одлуките и пораките на шефот на ФЕД.

Loading...

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 104,01 поен, додека вчера во овој момент изнесуваше 105,01 поен.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 137,65 на 135,60 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0640 долари, највисоко ниво во последните шест месеци, додека вчера во ова време беше 1,0540 долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во случај на војна, Америка залихи од ракети за само осум дена?

Цените на нафтата, пак, трет ден по ред се во плус, откако минатата недела паднаа на најниските нивоа за оваа година.

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,38 отсто, на 80,35 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,34 отсто, на 75,15 долари.