Македонија го добива еден од најиновативните стартапи во здравството – Доктермин. Платформата овозможува пациентите лесно да закажуваат онлајн термини, а лекарите да добијат бесплатна и професионална онлајн присутност.
На таа тема разговаравме со Стефан Стефановски од Куманово, еден од луѓето зад оваа платформа, па можете да дознаете како настанала идејата, кои се придобивките за корисниците и зошто „Доктермин“ се смета за чекор напред кон дигитализација на македонското здравство.
КМ: Што ве инспирираше да го основате доктермин?
Стефановски: Отсуство на докторите онлајн. Повеќето доктори немаат своја онлајн веб страна, а некои од нив и не се присутни ни на Гугл мапс. Информациите за услугата која ја даваат, работните часови и начинот на контактирање се тешко достапни онлајн. Не ретко се случува да се распрашуваме по познаници за да најдеме доктор и како да ги контактираме.
КМ: Која е главната мисија и визија на вашиот стартап?
Стефановски: Доктермин е Македонски стартап фокусиран на дигитална технологија и софтвери за здравство. Нашата цел е да го дигитализираме здравството и да го направиме лесно и достапливо. Како за пациентите така и за лекарите.
КМ: Која е најголемата проблематика во здравствениот систем што сакате да ја решите со доктермин?
Стефановски: Отсуството на лекарите онлајн и хаосот кога станува збор за закажување термин. Нашата цел е секој приватен лекар и ординација да добие бесплатна онлајн присутност каде што може да ги прикаже неговите услуги и да се презентира.
КМ: Можете ли да ни објасните како функционира системот за онлајн закажување термини?
Стефановски: Првин лекарите ги поставуваат нивните работни часови и мотивите за консултација со кои нашиот систем автоматски генерира слободни термини. Пациентите можат да ги видат слободните термини и да закажат онлајн, без да одат во ординацијата и без да ја контактираат по телефон. Кога терминот е закажан пациентот добива потврда на нашиот систем и преку емаил. Докторот исто така добива нотификација за закажаниот термин и може да го види во неговата агенда. За да пациентите закажат термин мора да се регистрираат во нашиот систем. Откако се регистрирани истите податоци се користат за закажување на понатамошни термини.
КМ: Како пациентите ќе можат да го користат вашиот сервис и кои се бенефитите за нив?
Стефановски: Пациентите можат да се регистрираат бесплатно на нашиот систем и да закажуваат термини. Исто така ќе можат да ги пребаруваат докторите во нашиот систем по специјалност, име и презиме и град. Докторите се прикажани во форма на листа и се видливи на реактивна мапа. За секој доктор пациентот ќе може да го види неговиот профил каде се прикажани услугите, образованието, искуството, работните часови и информации за контакт.
КМ: Како лекарите да се регистрираат и управуваат со своите термини?
Стефановски: лекарите можат да пратат барање преку нашиот систем онлајн на https://doktermin.mk/find-out-more или на [email protected]. Откако барањето е испратено ние нудиме онлајн презентација или во вид на пдф. Доколку лекарот се одлучи да стане дел од нашиот систем ние го регистрираме со неговата емаил адреса со која може да се конектира и да има пристап на системот. Сите доктори на доктермин се проверени и мора да ги пратат лиценците по емаил. Лекарите имаат визуелен преглед на нивната агенда и можат да управуваат со секој термин.
КМ: Дали системот нуди дополнителни функционалности како потсетници, интеграција со електронски здравствени картони или препораки за пациенти?
– Нашиот систем нуди потсетници преку емаил за секој закажан, откажан или презакажан термин, независно дали терминот е закажан од страна на пациентот или од страна на докторот. Моментално системот не е интегриран со други системи, но во блиска иднина планираме да ги контактираме другите софтвери за можна соработка, особено системи со електронски здравствени картони кои имаат пристап до фондот за здравство.
КМ: Какви технологии стојат зад доктермин и како обезбедувате безбедност на податоците?
– доктермин е модерен вебсајт направен со модерни технологии како реакт и nodejs. Нашиот сервер провајдер и нашиот сервер се во европска унија до гдпр комплајенс и сите поврзувања се вршат преку впн. Нашата дата база е исто така на нашиот сервер и ние имаме целосна контрола со што ја осигуруваме безбедноста на податоците на нашите корисници.
КМ: Дали планирате интеграција со други дигитални здравствени платформи или апликации, на пример постои платформата Мој Термин на Министерството за здравсто, која нуди слични услуги, но пациентите немаат пристап до неа, туку е само за лекарите.
– Да во блиска иднина планираме да ги контактираме веќе постоечките системи кои се поврзани со фондот на здравство и кои лекарите ги користат за картотеки. Што се однесува кокретно до мој термин, моментално сме во различен сектор, мој термин е за јавните здравствени установи и само лекарите имаат пристап до термините. Моментално не е во план интеграција со мој термин но во иднина зошто да не, на пример лекарите кои веќе користат доктермин да може да ги пребаруваат слободните термини од мој термин на нашата платформа и да закажат термин.
КМ: Како се справувате со предизвиците на дигитализацијата во здравството, особено кај помалку технолошки напредни корисници?
– Долг и не едноставен процес е дигитализацијата во здравството особено кога е во прашање нов систем кој функционира онлајн. Најголемиот предизвик е да го доловиме ефектот што може да го има нашиот систем кој навистина може да им помогне на докторите да го организираат своето време и да посветат повеќе време на пациентите а помалку на администрација и телефонските повици. Што се однесува до помалку технолошки корисници нашиот се трудиме да го направиме нашиот систем лесен за користење и минимално технолошко знаење. Пациентите исто така ќе имаат можност да ги додадат нивните блиски и да закажуваат термини за нив.