Најчести проблеми при долго седење на работното место може да предизвикаат болки, а најчести се токм болките во грбот и вратот.
Вежби за ротација
Овие вежби, за кои се потребни само околу 10 минути дневно, може да се прават во секое време и секаде, дури и на вашето биро. Без разлика колку е зафатен вашиот распоред, секогаш можете да направите единаесет минути пауза за да ви го олесни денот и да ви се „ресетира“.
Вежбањето вклучува контролирана ротација на зглобовите и го зголемува опсегот на движења во вратот, рамената, ‘рбетот и нозете и ќе ве ослободи од непријатност или болка по седење на канцелариска столица во стуткана положба.
Прво, движете го вратот, потоа рамената, лактите и зглобовите со кружни движења, така што движењето опишува половина од кругот. Неопходно е да се направат три серии од десет пати, а потоа да се ротираат зглобовите на другата страна.
После овие лесни движења направете десет длабоки чучнувања и веднаш ќе забележите подобра подвижност и циркулација.
Вежба „куче – мачка“
За следната вежба ќе ви треба јога или некоја друга подлога. Ако вежбате дома, може да се користи и тепихот. Помага да се ослободите од вкочанетоста и ограничувањата на движењето кои предизвикуваат долго седење. Заземете „кучешка положба“, па потпрете се на земја со потколениците и рацете, а кичмата нека биде паралелна со земјата.
Потоа, без да ги движите тупаниците и нозете, свиткајте го грбот како мачка, прво нанадвор, а потоа навнатре, држејќи го стомакот затегнат, со избалансирано дишење. Со помош на оваа вежба ја подобрувате вашата флексибилност, а фокусот на дишењето ќе ги отфрли тензиите, ќе ги оттргне вашите мисли од работата и ќе ве направи свежи во остатокот од денот.
Седењето не сака јога
Покрај сите физички придобивки, јогата е ефикасно средство за управување со стресот. Тоа помага да се опорави телото и да се расчисти умот, како што ретко која друга вежба може да ве прави опуштени.
Доколку ви треба релаксација и ослободување од стресот, но и негативните мисли, направете неколку основни вежби. Тие ќе ви помогнат да се опоравите од напнатоста предизвикана од долгото седење, а во исто време да се ослободите од стресот.
Започнете со смирувачки основни позиции на телото, а потоа можете да преминете на понапредните, кои ги истегнуваат вашите тетиви и мускули. Слободно вежбајте со свое темпо и модифицирајте ги вежбите за да го искористите најдоброто од секое движење.