Дојави за бомби во осум училишта во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дојава за бомба попладнево пристигнала на мејл адреси на осум основни училишта во Куманово, два дена пред крајот на првото полугодие од учебната година.

Loading...

Заканата за експлозивна направа е испратена како групна електронска порака до училиштата „11 Октомври“, „Бајрам Шабани“, „Браќа Миладиновци“, „Браќа Рибар“, „Јероним де Рада“, „Карпош“ во село Умин Дол, „Кирил и Методиј“ во селото Романовце и „Кочо Рацин“.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово потврдуваат дека во осум основни училишта пристигнала дојава.

– Дo сега, попладнево, e пријавено дека на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и 8 во Куманово  е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираат од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска ветер и до 60 километри на час, температурата во опаѓање

Дојавата пристигнала во 14:51 часот.

Никола Ивановски