Дојави за бомби попладнево пристигнале на мејл адресите на сите основни училишта во Куманово.
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи дојавите пристигнале околу 18 часот.
-Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во неколку основни училишта пристигнати се пораки за поставени експлозивни направи во училишта. Во тек се проверки од страна на полициски службеници, информираат од СВР Куманово.
Повеќе детали наскоро.
Никола Ивановски

