Дојава за бомба денеска била упатена на електронска адреса на основно училиште до Куманово.
– Денеска (19.03.2026) околу 12:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на електронска адреса на основно училиште во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа, велат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, дојавата била лажна.
– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки, извршени се проверки и констатирано е дека се работи за лажна пријава, велат од СВР Куманово.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Од полицијата не прецизираат за кое училиште станува збор, но неофицијално дојавата стигнала на мејл адресатана ООУ „Крсте Мисирков“.
Никола Ивановски

