Трговскиот центар „Делта сити“ на Нов Белград е отворен околу 19 часот, откако антитерористичката екипа на српското МВР не пронашла експлозивна направа.
Потврдено е дека анонимната дојава за бомба била лажна.
Вработените во Делта сити се вратиле на своите работни места и трговскиот центар повторно започнал да работи и да прима посетители јавуваат српските медиуми.
Loading...
Екипата на МВР соопштила дека не била пронајдена никаква експлозивна направа во „Делта сити“ и дека дојавата за бомбата е лажна.
Српското Министерство за внатрешни преку системот 191 добило анонимна закана дека вечерва ќе биде извршен напад врз овој трговрски центар, а веднаш по повикот на лице место била испратена антитерористичката екипа.
Во соопштението се вели дека полицијата и натаму интензивно работи за пронаоѓање на лицето кое упатило анонимна дојава за која, по деталните проверки се испоставило дека е лажна.
„Делта сити“ поради претпазливост бил евакуиран, а екипите на МВР чеплале кат по кат и сите простории кои ги има објектот.
За време на проверктие сите продавници биле затворени и пред нив се наоѓале припадници на ВМР. На лице место имало десетина полициски возила, како и возила на Итната помош.
Вработените биле пред зградата на трговскиот центар, како и одреден број граѓани.
Loading...
„Делта сити“ во вечерните часови продолжил со својата нормална работа.