Договорени седум коридори за евакуација од украинските градови

Сподели со своите пријатели

Седум хуманитарни коридори за евакуација на цивили од украинските градови се договорени за четврток, изјави вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук, пренесува The Guardian.

Loading...

Сепак, таа, наводно, јасно ставила до знаење дека не е договорен безбеден премин од градот Мариупол.

Верешчук рече дека цивилите кои се обидуваат да го напуштат опколениот град би можеле да добијат превоз во блискиот Бердјанск и таа јасно стави до знаење дека Русија не дозволува создавање безбеден коридор до или од центарот на јужниот пристанишен град.

Бердјанск е пристанишен град од кој во моментов има непотврдени информации дека украинските сили го уништиле рускиот десантен брод Орск додека бил закотвен во пристаништето на Црното Море.