Додик ја слави победата на Трамп, еве на што се надева

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД е голема победа за Република Српска и за српскиот народ и истакна дека не се двоумел да го поддржи за време на кампањата, нагласувајќи дека тој сега очекува поправеден пристап од САД и разбирање за внатрешните околности.

Loading...

„Не се двоумев да го поддржам Трамп и тоа е нашата голема победа. Можеме да соработуваме со Америка која е праведна и повикуваме на таква соработка“, рече Додик на прес-конференција во Палатата на Републиката, по коктелот организиран по повод победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Тој вели дека тоа било причина знамето на САД повторно да стои во Палатата на Републиката и изрази надеж дека сега ѝ претстојат полесни денови на Република Српска.

„Ова нема да ја промени целата суштина, но ќе биде полесно. Треба да издржиме уште два дена под овие злосторници, како што е амбасадорот Мајкл Марфи во Босна и Херцеговина. Веруваме дека не му е лесно утрово. Мислев дека ќе испратам картичка, но не комуницирам со него“, изјави Додик.

Тој им се заблагодари на сите присутни на коктелот во Палатата на Републиката, како и на народот кој се собра пред Палатата.

„Честитки за Доналд Трамп. Сакаме соработка. Веруваме дека светот ќе изгледа поинаку, дека мирот ќе владее и војните ќе завршат. Се надевам дека ќе влеземе во фаза на стабилен свет и односи. Тоа ни треба и ни одговара“, нагласи Додик.

Тој изрази надеж дека сега полесно ќе се дојде до центрите на моќ како што се САД, посочувајќи дека претходната администрација била неправедна кон српскиот народ.

„Сега очекуваме поправеден пристап. Ќе продолжиме да работиме во рамките на Дејтон. Се радуваме на оваа победа“, изјави Додик.

Loading...

Тој укажа на фактот дека Србите значително го поддржаа Доналд Трамп и донесоа клучни гласови во неколку американски држави.

„Нашата заедница во Америка одигра значајна улога и разговарав со нив. Тие ја слават оваа победа. За Трамп гласале 95 отсто од Србите. Не смееме да го загубиме овој момент“, изјави Додик.

Кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД.