Доделени наградите за најдобрите кумановски спортисти (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Општинсиот сојуз на спортови на град Куманово под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово денеска доделија признанија на вкупно 92 спортисти, спортски работници и клубови за постигнатите резултати во спортот за текот на изминатата година, кои се должат на постигнатите успеси на општински, зонски, регионални и меѓународни турнири и натпреварувања.

 

Loading...

 

Во категоријата за најмлади спортисти наградите заминаа во рацете на Бојана Цветковиќ, член на Карате клуб „Куманово 75“, Милан Вељковиќ од Атлетскио клуб „Куманово“, каратиската Меланија Величковска и др.

 

 

За најпопуларен клуб беше прогласен Кошаркарскиот клуб „Куманово“ кој на скоро секој натпревар успева да ги наполни трибините во спортската сала, додека во категоријата за Најдобар клуб се ставени три тима, поради извонредните резултати кои ги постигнале во текот на изминатата година, меѓу кои: Стрелашкиот клуб, Велоспиедскиот клуб „Вело-М“ и Атлетскиот клуб „Куманово“.

 

 

Меѓу оние кои добија нграда за најдобри спортисти се: Тања Ивановска – ЖФК „Речица“, Филип Наковски – Кик Бокс Клуб, Кристијан Станковски – тајландски боксер, Александар Костоски – кошаркар на КК Куманово, Матеја Ефремовска – атлетичар, Стефан Петровски – велосипедист, додека за најдобар странски спортист во Куманово наградата замина во рацете на кошаркарот Вукашин Мандиќ.

 

 

Loading...

Награди беа доделени и на Здружението на пензионери за три различни категории во спортот поради нивните успеси од минатата година, на основните и средните училишта, како и за најдобри тренери, меѓу кои Филип Колевски за најдобар тренер на Атлетскиот клуб „Куманово“, Сашо Илиевски за ММА клубот, Страшко Тодоровиќ – тренер на КК Куманово, а директорот на КК Куманово, Младен Давидовиќ ја прими наградата за постигнатите успеси на кумановските кошаркари.

 

 

Матеја Ефремовска која е прогласена за еден од најдобрите спортисти во градот вели дека е прекрасно чувството после целокупниот напор кој го вложила во текот на изминатата година.

Веќе бев и на Европско првенство, благодарам на општината која издвои финансии и ми овозможи да уествувам на европското така да се надевам дека во оваа сезона уште повеќе резултати ќе има. Поставив државен рекорд во фрлање на диск учествував на Европските олимписки игри, станав државен првак во фрлање на диск и ѓуле и бројни први места на државни и меѓународдни натпревари – изјави Ефремовска.

Градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски истакна дека е свесен за незадоволството на спортските работници за малкуте финансиски средства во однос на добрите резултати, но тоа е максимумот кој општината го може, а кој во иднина ќе биде зголемен со сите можни напори.

Денеска сум горд што деведесет и неколку индивидуалци примија награда. Зборуваме за една масовна организација на школски и аматерски и професионален спорт, подржуваме од танцовите здруженија до највисоките брендови каок што е ракометот, кошарката, боксерите, атлетиката која даде големи резултати. Чувствувам на некој начин одговорност за она што можеме како финансиски потенцијал да го поддржиме спортот. Целата организација Сојузот на спортовите кој го менаџира спортот има 10% Буџет на екипа од некои спротски брендови – изјави Дамјановски.

Тој додава дека тоа се минимални средства со кој се одржува спортот во оппѓтината и ја најави школската олимпијада која оваа година ќе се одржи во градот.

Најавувам дека оваа година на 5-ти мај, школска олимпијада, Гимназијада на која ќе учествуваат приближно до 500 млади спортисти од средните училишта и се надевам со цели напори дека на 5-ти ќе биде пуштање и на затворениот базен каде ќе го промовираме спортот. Имаме мали технички проблеми во однос на завршницата, но се надевам дека ќе ги надминеме – истакна градоначалникот Дамјановски.

Претседателот на општинскиот Сојуз на спортови, Сашо Петрушевски истакна дека е горд што дури 92 награди се поделени во екипни и поединечни спортови.

Тоа говори за она што е Куманово, тоа е спортски град. Во секој сегмент на спортот од малите спортови условно кажано до големите, иако во спротот нема мали и големи, меѓутоа видовте врвни резултати, сведоци сме на многу државни прваци, многу индивидуални прваци, учество во многу олимпијади и натпреварувања каде спортистиет на Куманово се амбасадори на градот во Македонија и во светот – изјави Петрушевски.

На свечената манифестација не присуствуваа велосипедистите од клубот „Вело-М“ поради учество на велосипедска трка во Солун, па во нивно име наградите ги подигнаа нивните роднини.

Свеченоста со свој настап ја збогатија и најмладите учесници од танцовото студио „Мерлин“ со латино танц.