Претседателка на Совет на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, заедно со раководителот на Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Александар Крстевски, денеска ги доделија Договорите за финансиска поддршка од Општина Куманово до здруженија и правни лица, по спроведените постапки за Јавен повик од областа на здравствена и социјална заштита.
Врз основа на Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за 2025 година, беше спроведената постапка за Јавен повик за финансиска поддршка во спроведување на превентивно – промотивни активности за унапредување на здравјето, преку кампањи од областа на здравствена заштита на здруженија и други правни лица на територија на Општина Куманово.
Договори им беа доделени на следните здруженија:
Здружение на дијабетичари на Општина Куманово,
Здружение на виши и средни медицински сестри, техничари и акушерки – Куманово,
Центар за ромска заедница ДРОМ – Куманово,
Хуманитарно здружение “Мајка” – Куманово,
Мултиетничко и невладино здружение “Љинда” – Куманово.
Врз основа на Програмата за развој на социјална заштита на Општина Куманово за 2025 година, беше спроведена постапка за Јавен повик за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита.
Договори им беа доделени на следните здруженија:
Хуманитарно здружение “Мајка” – Куманово,
Здружение за едукација, советување и стимулација на лица со посебни потреби “Детска светлина” – Куманово,
Здружение за промоција и развој на инклузивно општество “Инклузива” – Куманово,
Здружение за стимулација, едукација и рехабилитација “ЧЕКОР ПЛУС 2022” – Куманово.
Интегрално соопштение