По низа контроверзни одлуки при доделувањето на наградата за мир, Нобеловиот комитет годинава повторно „блесна“.
Имено, во екот на нова трка во нуклеарното вооружување која ја најави Доналд Трамп и достигнување статус „нуклеарна сила“ на уште една суверена држава – Северна Кореја, денеска во Осло официјално е врачена Нобеловата награда за мир на Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (ICAN – Ајкен“.
Директорката на ICAN, Беатрис Фин предупредува дека момент на паника би можел да доведе до уништување градови и смрт на милиони цивили поради употребата на нуклеарното оружје.
Примајќи ја наградата на церемонијата во Осло, Фин вели дека ризикот од употреба на таквото оружје денеска е поголем за разлика од времето на Студената војна.
Според нејзините зборови, светот се соочува со нуклеарна кризна поради повреденото его, пренесува ВВС.
– Смртта на милиони можеби е одалечена само од еден мал излив на гнев. Имамо избор – крај на нуклеарното вооружување или крај за нас, рекла Фин.
Водечката активистка на ICAN Сацуко Тарлоу, која заедно со Фин ја прими наградата, зборуваше за својата борба да преживее напад со атомско оружје од бомбата во Хирошима и целта на нејзината организација да се постигне меѓународен договор за забрана на нуклеарното оружје.
Тарлоу, која имала 13 години кога атомската бомба е фрлена на тој град, раскажува како по експлозијата останала под рушевините на училиштето, но дека успеала да види светлост и безбедно се извлече, пренесува АП.
– Нашата светлина денеска е договор за забрана на нуклеарното оружје, рекла Тарлоу.
Договорот го потпишаа 56 земји, од кои ниту една не е нуклеарна сила, а го имаат ратификувано само три земји.
За да договорот стане обавезителен потренбо е да го ратификуваат над 50 земји.
Кон почетокот на октомври е објавено дека ICAN ја добива Наградата за мир за 10-годишната кампања за откажувањ еод нуклеарното оружје.