Додека новинарката известуваше во живо, кучето влета во кадар и направи нешто неочекувано (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Временската прогноза во Москва стана вирална откако куче влета во кадарот и го украде микрофонот на новинарката, пренесоа руските медиуми.

Loading...

Преносот во живо на руската новинарка на Мир ТВ, Надежда Серјожкина, беше прекинат од разигран златен ретривер кој скокнал врз неа, и го фатил микрофонот од раката и избегал.

Сержокина му довикна на кучето да „застане“ и „дојди овде“ додека се обидуваше неуспешно да го фати на мостот од кој известуваше, објави на Твитер снимателот Димитри Лотовски.

И додека снимателот ја снимаше како го брка кучето, на следниот кадар се гледа запрепастена водителка во студиото.

„Изгледа дека изгубивме контакт со нашиот новинар. Ќе се обидеме повторно да стапиме во контакт со неа“, рече водителката.

 

Leave a Reply