Додека Ким ја покажуваше новата ракета, небото над Северна Кореја остана празно (фото)

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја денеска одбележа 105 години од раѓањето на својот оснивач Ким Ил Сунг со воена парада во Пјонгјанг, во момент кога растат тензиите во регионот поради нуклеарни и ракетни програми кои ги има оваа земја.

 

Loading...

За време на парадата Северна Кореја ја претстави новата интерконтинентална балистичка ракета. Меѓутоа, она што посебно се истакнува на денот е тоа што воздушниот простор над Северна Кореја остана празен, односно дека сите летови се пренасочени преку другите држави.

 

Кинеските медиуми пренесоа дека авио компанијата „Air China“ ги откажала летовите на релација Пекинг – Пјонгјанг.

Претставниците на компанијата ја демантираа информацијата и соопштија дека се откажани само оние летови за кои не биле купени доволно карти.

Само за потсетување, ваква слика можеше да се види и во воздушниот простор на Сојузна Република Југославија ноќта измеѓу 23 и 24 март 1999 година.

Денеска ситуацијата на Корејскиот полуостров е додатно заострена поради заканите кои САД и Северна Кореја си ги упатуваат едни на други.

САД стравуваат дека Северна Кореја би можела да изведе нуклеарен тест. Ако тоа се случи, порачаа дека ќе изведат превентивен напад, а дека нивното наоружување е на готовност во близина на Северна Кореја.

Меѓутоа, се огласи и Генералштабот на Северна Кореја кој порача дека и тие превентивно ќе делуваат на било каква закана од САД.