Дел од интернет порталите вчеравечер со бомбастични и сензационални наслови започнаа да јавуваат дека косовска терористичка група навлегла на територијата на Република Македонија и дека започнува војна со Косово, а на конто на тоа им растеа и прегледите.
Но, по се изгледа дека ништо од тоа не се случувало. Дел од селата во Општина Липково, како и селото Арачиново вчера биле под полициска опсада, но поради полициска акција, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.
Целта поради која се ширеа такви информации засега исто така не е позната, но во паника и страв голем дел од младите кои вчера петочно беа излезени во градот си заминаа дома, исплашени да не се повторат мајските сценарија.
Поконкретни информации од МВР најавија за текот на денешниот ден, но потенцираа дека нема место за паника, а состојбата е мирна и стабилна.