Додека бил на молитва во село Оризаре му пукале во автомобилот
On:
Сподели со своите пријатели
Вчера во 13,55 часот телефонски во ПО-Матејче, Ш.Н.(56) од село Оризаре, пријавил дека во временскиот период додека бил на Петочна молитва во неговиот плац за градежни матријали, од страна на непознато лице од огнено оружје оштетено е ветробранското стакло од камион „Ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, кој бил паркиран во кругот на градежна фирма, лоцирана пред с.Оризаре, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од пукањето извршено е оштетување на пластичниот филтер за воздух од надворешната страна зад кабината кој го пробил стаклото зад возачкото седиште и ја оштетил предната шофершајбна од левата страна. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово, при што проектилот е пронајден меѓу двете седишта. Истиот е подигнат за понатамошно постапување.