„Добрите луѓе изневеруваат затоа што се гладни за љубов“: Искуство кое ќе ве замисли!

Сподели со своите пријатели

Иако на прељубата и на прељубниците не се гледа позитивно и се навредува мислењето дека тие се главно лоши луѓе, терапевтот Мира Киршенбаум објаснува дека верувале или не, тие можат да бидат и добри луѓе

Loading...

– Добрите луѓе кои го изневеруваат партнерот се будат навечер, имаат чувство на вина и се прашуваат што би можеле да направат и зошто си дозволиле тоа – пишува Киршенбаум, авторка на книгата „Зошто добрите луѓе изневеруваат: Што има во срцето и умот на човекот во две врски“.

 

 

Таа вели дека и добрите луѓе изневеруваат, а советува по прељубата и двајцата партнери да најдат начин за посреќна и постабилна љубовна врска.

Добрите луѓе, вели таа, изневеруваат затоа што се гладни за љубов, која авторката ја споредува со нездрава храна.

– Ако сте долго гладни, ќе сакате да јадете некоја нездрава храна, а откако ја јадете, ќе се чувствувате виновни и ќе се каете што не сте зеле нешто поздраво – вели таа.

Loading...

 

 

Мажот кој е несреќен во врската нема да најде друг излез, ќе ја обвинува партнерката за лошата ситуација во врската и од очај ќе го измами. Во таква ситуација често преовладува незадоволство и тие ги гледаат партнерите во негативно светло, додека љубовникот во позитивно светло.

Кога ќе одлучите да ги поправите работите во врската, без разлика дали со редовен партнер или некој што сте го изневерувале, треба да знаете дека ќе се соочите со многу гнев и чувства на повреденост.

– Треба да се обидете повторно да ја изградите довербата и да направите избраникот на вашето срце повторно да се чувствува сакан – вели Мира.