Добила отказ затоа што на пораката на шефот одговорила со „ОК“

Сподели со своите пријатели

Работничка во еден бар на југот на Кина, добила отказ, откако на пораката од својот надреден одговрила со емотиконот „ОК“.

Loading...

Бидејќи шефот барал од вработените од барот, кој се наоѓа во градот Чангша, провинција Хунан, да соберат и да му испратат одредени документи преку апликацијата „WeChat“ таа тоа го потврдила со емотиконот „ОК“.

Директорот им дал бонус за одмор, петмина работници дале отказ

Тој веднаш ја обвинил дека е недисциплинирана и започнал постапка за раскинување на работниот однос, пренесува Дејли мејл.

– Каков е овој начин за прием на пораки? Би требало да напишете „примено“ ако сте ја примиле мојата порака, одговорил шефот.

Неколку минути подоцна, ја замолил вработената да ја контактира службата за човечки ресурси за да се „реши нејзиниот отказ“.

Полицајка во Русија сакала да ги почести колегите со стриптиз, па добила отказ (ВИДЕО)

– Вистина е дека ќе добијам отказ. Работев долги години и ова е прв пат нешто вакво да ми се случува. Јас не се нервиран околу сето тоа премногу, но сите мои колеги се сложни дека шефот отиде предалеку, изјавила анонимната актерка на оваа приказна.

Loading...

По овој настан менаџерот упатил наредба кон вработените, по приемот на пораки од него да одговараат со терминот „Роџер“ (Roger).

И роботите добиваат откази

„Роџер“ бил општоприфатен термин меѓу пилотите во Втората светска војна. Тој збор, кој се користи во комуниакцијата, е избран поради почетната буква „Р“, кое е прв збор од англискиот збор „received“ што во превод значи примено.

Leave a Reply