Доби 52 шлаканици од девојка си, затоа што не и купил убав подарок (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Додека поголемиот дел од кинеските парови го слават 20ти мај како празник по името „520“, кој е еден од три дена во годината во кои се слават љубовта и романтиката, еден анонимен пар од Шичуан стана ѕвезда на интернетот поради бурната реакција на девојката која од своето момче не го добила она што го сакала.

Loading...

Неименуван Кинез прогласен е за жртва на злоставување откако девојката во јавност му удрила најмалку 52 шлаканици, затоа што била вознемирена оти не и купил нов телефон за кинескиот празник на љубовта.

Одржано Светското првенство во шлаканици (ВИДЕО)

Снимката која ја снимиле околните безбедносни камери, но и минувачите, се појави на социјалните мрежи, а на неа се гледа млада жена која го удира мажот на улица. Како што се наведува, полицијата подоцна потврдила дека мажот претрпел најмалку 52 шлаканици пред шокираните погледи на странците кои сведочеле за понижувањето низ кое момчето минувало.

Она што навистина изненадило милиони луѓе кои ја виделе снимката е мирниот став на мажот кој скоро и не се помера, а не да се обиде да ја спречи својата девојка на било каков начин.

Го фати мажот со љубовницата и направи хаос – измамената не остана должна (видео)

Метежот кој се создал околу парот ја привлекол и полицијата, која се обидела да ги смири работите. Тие подоцна потврдиле дека мажот навистина добил 52 шлаканици и додале дека е жртва и по такво јавно понижување се обиделе да го одбранат од видливо насилната девојка.

Имено, тој при приведувањето рекол дека самиот е виновен за она што му се слуќило, како и дека неговата девојка ги плаќа неговите животни трошоци и дека поради тоа не можела да се смири кога видела дека не и го купил она што го очекувала.

Loading...

Банкар и рекол дека ќе и одобри заем ако спие со него: Нејзиниот одговор болеше (ВИДЕО)

Полицијата на крајот успеала да го вразуми несреќниот пар, а при пуштањето на слобода, усно си дале збор дека понатаму своите несогласувања ќе ги решаваат меѓу четири ѕида.

Фото: принтскрин Јутјуб

Leave a Reply