Инфлацијата во Австрија во ноември достигна 4,3 отсто, што е нивото кое последен пат е забележано во 1992 година.
Loading...
За споредба, во октомври инфлацијата беше 3,7 отсто, а со 4,3 отсто е на нивото кое последен пат беше забележано во мај 1992 година, изјави генералниот директор на Заводот за статистика, Тобијас Томас.
Инфлацијата првенствено беше поттикната од повисоките цени на горивата и енергијата.
Во соседна Германија, инфлацијата во ноември надмина пет отсто за прв пат по 30 години, на 5,2 отсто.
Инфлацијата во еврозоната е исто така на највисоко ниво од 1997 година, бидејќи во ноември беше на 4,9 отсто.