Доаѓа бурата Елза: Срушени остатоци од зграда во Мајами (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Остатокот од зградата, која се сруши на 24 јуни во американската сојузна држава Флорида, каде 24 лица загинаа, а 121 исчезнаа, беше урната во текот на ноќта на контролиран начин, јави локалната телевизија.

Loading...

Како што беше соопштено денес, властите одлучиле да ги уништат нестабилните остатоци на 12-катната зграда во близина на Мајами во страв дека ќе се сруши неконтролирано за време на минувањето на тропската бура Елза, што се очекува на Флорида во вторник.

Поголемиот дел од зградата се сруши ноќта на 24 јуни и тоа е една од најсериозните урбани катастрофи во историјата на Соединетите Американски Држави.

Градските власти претходно соопштија дека зградата, според извештајот од 2018 година, имала голем број недостатоци, вклучувајќи пукнатини во ѕидовите на подрумот.

 

Leave a Reply