До петок времето стабилно и претежно тивко

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија претпладне ќе биде со магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 4 степени, а максималната дневна се очекува да се искачи до 16 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 50.000 лица влегле во Македонија преку ГП Табановце викендов

 

 

До петок времето ќе биде стабилно и претежно тивко со магла по одделни котлини.

За време на викендот ќе биде ветровито со зголемена облачност и повремени врнежи од дожд, а дневната температура позначително ќе опадне.

 

Никола Ивановски