До петок да се обнови документацијата за право на социјална заштита

Сподели со своите пријатели

Во петок истекува рокот за обнова на документација за остварување на правата од областа на социјална заштита. Од Министерството за труд и социјална политика апелираат сите граѓани кои не ги обновиле документите тоа да го стоар во Центарот за социјална заштита и да се пријават.

Со себе треба да понесат лична карта и да дадат изјава за согласност за користење на нивните лични податоци во постапката, а сите други документи ќе бидат обезбедени преку службена должност од УЈП, ПИОМ, Катастарот, Агенцијата за вработивање, МВР, Управа за водење матични книги, Народна Банка и Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Постапката е започната на 19 декември минатата година, а до сега за обнова се пријавила околу 22 илјади корисници.

Во тек е и обновата на документацијата за детските права, односно посебниот додаток за дете, детски додаток и родителски додаток за трето и четврто дете. Обновата ќе трае до 31 март годинава. Лани право на родителски додаток за трето дете оствариле 23.246 корисници, а за четврто 814.

За посебен додаток се потребни лични карти од двајцата или еден родител на увид во оригинал, за право на детски додаток – висина на плата од работодавачот за претходна година и потврда за редовен ученик, а за родителски додаток за трето или четврто дете, потврди за вакцина, потврда од суд за неодземено родителско право, и доколку детето за кое е остварено правото е на школска возраст потврда за редовен ученик.