Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност.
Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно и топло време за овој период од годината. Во утринските часови ќе има магла, а температурата ќе изнесува два степени целзиусови. Во текот на денот максимумот се очекува да достигне до 13от степен.
До недела, како што информираат од УХМР, ќе се задржи стабилно време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините.
По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Никола Ивановски